Екипата на Фулам ги комплетираше учесниците во англиската Премиер лига за следната сезона. „Црно белите“ билетот за враќање во англиското друштво го чекираа со триумфот во баражот кој се одигра на „Вембли“ стадионот.

Во финалето, Фулам со 2-1 го совлада составот на Брентфорд. Победникот и патникот во Премиер лигата беше одлучен после продолженија откако регуларниот дел мечот заврши 0-0. Херој на Фулам беше Џо Брајан кој ги постигна двата погодоци во победата.

Фулам им се придружи на Лидс и Вест Бромвич Албион, кои низ „Чемпионшип“ лигата обезбедија пласман во англиската фудбалска елита. Новата сезона во Премиер лигата ќе започне на 12 септември.

OhridNews