Еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле, денес, ненајавено го посети Скопје и одржа средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Фуле со соговорниците ги разгледал подготовките за Пролетниот извештај.

– Комесарот имаше корисни разговори со своите соговорници, велат од Делегацијата во краткото соопштение.

Предвидено е Фуле повторно да го посети Скопје, во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво.

OhridNews
извор: Макфакс