Од Ј.П.„Охридски Комуналец“ се жалат дека во туристичката сезона секојдневно се соочуваат со проблеми поврзани со одржување на јавна чистота на јавно-прометни површини во близина на објекти и штандови каде, како што велат, функционираат „фантом-фирми“.
– Имено, не е мал бројот на лесковачки скари, тезги, фрижидери со сладолед, плажи, ноќни клубови и др., кои функционираат само два месеци (кога е летниот шпиц), без склучување на Договор со нашето претпријатие за подигнување на отпадот. Дел од нив функционираат само во вечерните и ноќните часови, а зад себе оставаат несоодветно депониран отпад и отпад кој е расфрлан по пешачките зони, тревни и други јавни површини, укажуваат од „Комуналец“.

Ваква е сликата наутро на кејот „Маршал Тито“
OhridNews