Гостувањето на европскиот првак Шпанија ни го зеде умот. Уште не дојдени шпанците не направија дар-мар. Главата ја изгубија сите, почнувајќи од челните луѓе на федерација, преку љубителите на бубамарата, дали пасионирани или „тапкароши“ , па се до репрезентативците кои требаше да ја смират топката, а не да долеваат бензин на огнот.
Се` започна со лакрдијата наречена фудбал за сите. ФФМ во желбата да им овожможи на сите да ја видат Шпанија, се одлучи за популарна цена од 200 денари за билет, но притоа се одлучи да штеди на квалитетот на билетите па во продажба за “ганц“новата трибина пушти не нумерирани билети. Борбата за билет настана по вториот ден кога ФФМ објави дека се продадени сите билети и ако беше видливо дека турканици за билет на билетарниците немаше.
Турканици пак имаше после викендот откако по наредба на МВР, ФФМ се одлучи да испечати нови билети. Е тогаш македончето се покажа во најдоброто издание. Недовербата во системот ги натера љубителите на фудбалот да кампираат пред “Арената Филип Втори“ како да замената на билетите и мечот со Шпанија е последното нешто што ќе го видиме. Организцијата уште еднаш потфрли и сите ние испративме тажна и жална слика за Македонија во светот.
“Македонија навива за вас пеат милиони како еден глас“ и наместо сите по примерот на Тоше да се сплтиме како еден, стигна шамарот од капитенот Седлоски. Македонските репрезентативци попуштија пред притисокот.
Каква и да била намерата на Попов, реакцијата на најискусниот во нашиот табор и рекордерот по бројот на настапи во националниот дрес -капитенот Гоце Седлоски во никој случај не смееш да биде таква. Големи фудбалерите не стануваат со делење на “воспитни“ на своите соиграчи, туку со работа самопоржтвуваност, а сигурно тоа капитенот најдобро го знае.
Предиграта за историскиот меч против Шпанија на 100 годишнината од фудбалот во Македонија, во најмала рака беше пеколна да се надеваме дека нашите “црвено- жолти“ сочуваа дел од својата енергија и за “фуријата“.
Петта победа во низа за фудбалерите на Охрид На денешниот натпревар против екипата на Скопје извојуваа победа со резултат 1:0 Стрелец на голот за екипата на Охрид Лихнидос беше Иван Глигоров Натпр...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ синоќа со одлична атмосфера и голема спортска енергија заврши уште едно успешно издание на турнирот во футсал Ohrid FREED 2025 Финалната вечер, која се одржа в...
Одиграно петтото коло од V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“ кое се одржува во просториите на ШК Ласкер Охрид во ООУ Братство Единство Охрид На истото учествуваат 24 шахисти од Охрид и Ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.