Женскиот ракометен клуб Лихнид со убедлива победа 22-13 (11-5) во Кичево против истоимената екипа ги започна мечевите од пролетната полусезона во кадетската ракомента лига.

„Китовите“ со триумфот во првата рунда од втората полусезона стигнаа до петтиот вкупно на табелата и се изедначија со тимот на Вардар кој има натпревар помалку.
Дилемите околу победата избраничките на Филип Јованоски и Билјани Богданова Смилеска ги решија во првиот дел добивајќи го со 11-5. Во второто полувреме охриѓанки уфрлија брзина погоре и обезбедија триумф со девет голови разлика (22-13).
Најпрецизна во составот на Лихнид беше Ивона Блажеска со шест голови, потоа следуваа Викторија Алексиоска 4, Тамара Маркоска и Марија Јолеска 3, Теодора Балоска 2, Мила Ложанкоска, Николина Угриноска, Марија Петреска и Драгана Усовиќ 1.
Во следната рунда „китовите“ на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Стружанска во „Езерското“ дерби.
OhridNews











