Македонската футсал репрезентација како увертира на натпреварот на Арената “Филип 2”, ќе одигра две пријателски средби со селекцијата на Црна Гора и тоа во Куманово и  во Скопје

Пред нас е нов предизвик, селекцијата на Црна Гора. Продолжуваме со континуитетот на одигрување силни пријателски футсал натпревари, со цел да ја подигнеме формата и да го искристализираме составот пред престојните Квалификации за ЕП и СП 2011 год – рече селекторот Скендеровски.

Во досегашните натпревари со Црна Гора имаме негативен биланс и тоа 3 порази две победи и двен нерешени средби.

Резултатот во овие пријателски натпревари не е во преден план, сепак добро би било со позитивни исходи да го задржиме континуитетот на добри резултати кои го започнвме против Словенија, а го продолживме на двомечот со Бугарија минатиот месец. Шанса ќе добијат 15-мина од оној поширок состав од 25 играчи на кои сметам за следните kвалификации.– истакна селекторот.

Ohridnews