Фондот за здравствено осигурување ќе ги зголеми квотите на лекови во 12 градови во земјава каде во изминативе месеци се покажа дека побарувачката за лекови е поголема од онаа што ФЗО ја проектира.

Освен во Охрид, ФЗО одлучи да ги зголеми квотите на лекови и во: Скопје, Берово, Битола, Валандово, Крива Паланка, Неготино, Ресен, Струмица, Штип, Пробиштип и Велес.

Во соопштението на Фондот стои: “Се работи за 60 милиони денари кои што на републичко ниво не биле искористени од дадените квоти за лекови во првиот квартал од 2010 година. Истите ќе бидат распределени каде што се покажа дека има потреба по постојниот Правилник, и тоа 30 милиони денари во мај и 30 милиони денари во јуни” .

OhridNews