Финансиските контроли на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), за првото полугодие на 2014 година, покажале подобрувања во работењето на јавните здравствени установи.

Со извршените контроли се утврдиле следниве подобрувања во работење на ЈЗУ: зголемен степен на одговорност кај менаџментот на контролираните јавни здравствени институции, поефикасна сметководствена евиденција, полесен и транспарентен начин на фактурирање, минимизирање на грешките во фактурирањето, како резултат на воведување на електронска фактура, подобрување на механизмите за внатрешна контрола во делот на раководење со постапки за јавни набавки и реализација на договорите, исплата на обврски според датум на доспевање и без преферирање на добавувачи, се води поголема евиденција со цел домаќинско трошење на средствата, поефикасно и поефективно се раководат со расположливите ресурси“, информираат од ФЗОМ.

Како што потенцираат од ФЗОМ целта на финансиската контрола е проверка на финансиското работење, согледување  дали трошењето на средствата е домаќинско и дали институциите во своето работење се ефикасни и економични.

OhridNews