Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска соопшти дека го одобрил барањето за лекување во странство за младиот Зоран Ѓорѓиески од Вевчани на кој му е потребна итна трансплантација на срце

-Фондот го одобри барањето за лекување во странство за осигуреното лице во транспарентна и брза процедура и лекувањето во странство ќе биде на товар на Фондот. Од минатата година, на сила стапија законските измени со кои се овозможи за здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице да учествува со 20 отсто од вкупните трошоци, но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението од ФЗОМ.

Оперативниот зафат чини од 300 и 500 илјади евра, а сите хумани граѓани може  да донираат средства на следната жиро сметка: Примач: Зоран Ѓорѓиески Комерцијална банка- 300161000001061, како и на телефонските броеви 070 143 116 и 077 143 706.

OhridNews