Во текот на минатиот месец, околу 400  илјади евра издвоил Фондот за здравство за лекување на 5 пациенти вон границите на земјава.

Како што истакнувааат од Фондот, предивените 3,7 милиони евра ќе ги задоволат барањата на сите пациенти кои  треба да се лекуваат во странство.  Од 2009-та навака, барањата за лекување во светските здравствените установи бележат намалување, а најчести се пациентите кои имаат проблеми со срцето.

Дали едно лице ќе се лекува во странство, најмногу зависи од комисијата на Фондот за здравство, која претходно добива мислење од клиниката надлежна за пацинетите.

Инаку, пациентите кои ќе имаат потреба за лекување во странските клиники,  во иднина ќе плаќаат партиципација само од 200 евра, според последната одлука усвоена од Владата.

OhridNews