Годинава Денот на шегата – 1-ви Април го доживуваме во предизборен амбиент. Се ближат избори, а во политиката, нели се е “дозволено“.

Ни претстои период на убедување, удирање камен темелници и ветувања. Во заострената предизборна реторика слушаме пресилни зборови за некави либиски сценарија и одлучни одговори на државниот апарат, но се надевамне дека тоа се само еуфорични најави за бодрење на членството. Се’ друго би било несолена шега која скапо ќе не чини.

Затоа господа политичари шегувајте се денеска до мила волја, доликува 1-ви Април е , но немојте да се шегувате со иднината на земјата, би било несериозно.

OhridNews