Учениците од охридската гимназија, вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 19 часот, репризно ќе ја изведат претставата „Г- ѓа Министерка“, работена според текст на познатиот српски комедиограф, сатиричар и критичар, Бранислав Нушиќ, а во режија на професорката по македонски јазик, Светлана Голабоска.

Претстава премиерно пред охридската публика беше изведена на 8 мај.

OhridNews