Владиката Тимотеј директно се мешаше во внатрешните работи на Австралиско-новозеландската епархија, обвини денеска митрополитот Петар, запрашан какви се нивните меѓусебни релации и дали конечно  ќе завалдее мир помеѓу верниците во Австралија, пренесува „Тв Телма“.

Владиката Тимотеј, на последната седница на Синодот во декември, беше назначен за координатор на активностите во црковните општини во Австралија кои не го признаваат митрополитот Петар. Тој денеска изрази сомнеж дека овие црковни општини  кои не се под јурисдикција на МПЦ ќе имаат капацитет во иднина да се оформат во епархија, јави дописникот на „Тв Телма“ од Битола.

 -Тој порано се машеаше во епархијата, за што сведочат неговите јавни настапи во медиумите, нема ништо што  измислува Владиката Пеатр, туку само го потврдувам она што се случило. Во секој поглед имаше директно мешање во епархијата. Сега, ние сме посебна епархија, а тие црковни општини допрва треба да се оформат во епархија. Во август, на епархиско собрание се донесе одлука кои црковни општини остануваат во составот на Австралиско-нозозеландската епархија, а кои ќе се раководат според  компаниски закони. Светиот синод на МПЦ  изгради платформа, претсавницте на тие компании ги прифатиле скоро сите точки од платформата, но ќе видиме дали и во практика ќе ги прифатат, затоа што досега во разговор прифатиле многу работи, но никогаш на дело не спровеле, изјави г. Петар.

Митрополитот Петар смета дека и политиката замешала прсти во Австарлиско-новозеландската епархија и  го обвини генаралот Стојанче Ангелов за политичко влијание во овој спор.

 -Има политика, затоа што во групата која отишла во Црна Гора да го моли црногорскиот Владика Михалјо да го хиротониса Царкњас, се Игор Александров и Стојанче Ангелов, претседателот на „Достоинсво“, изјави Митрополитот преспанско-пелагониски и австралиско-новозеландски.

Исто така, Владиката Петар вели  дека и охридскиот градоначалник Александар Петревски им давал поддршка на расколниците, како што ги нарекува претсавниците на црковните општини во Австралија

 -Градоначалникот на Охрид, Александар Петревски, кога на Охрид му се закануваше поплава од Охридскотот езеро, тој  наместо да го спасува градот,  беше  кај  расколниците и им даде целосна поддршка. Тоа е терање на политика. Ние не ги отфрламе политичарите ако дојдат и ја посетат нашата епархија, но како посетители, не како луѓе што ќе држат предавање, изјави г. Петар.

OhridNews
извор:„Телма“