Лидерите на земјите од групата 7 на самитот во Бијариц, Франција, денеска постигнаа договор за финансиска помош од 20 милиони долари, со цел да се помогнат напорите за гасење на пожарите во Амазонија.

„Реалноста е дека за итна помош навистина има потреба од парични средства, затоа што нема доволно пари за да се финансираат летовите на авионите за гасење на пожартите“, изјавил анонимен извор за „Ројтерс“ кој ја потврдил бројката од 20 милиони американски долари.

Бразилската вселенска агенција соопшти дека бројот на пожари во амазонската прашума е зголемен за 83 проценти во однос на минатата година, како резултат на уништувањето на шумата со цел теренот да се пренамени во обработливи површини.

OhridNews

Макфакс