Весли Снајдер се наоѓа до чекор во турскиот великан Галатасарај, откако
челниците на двата клуба ги договориле условите за негов трансфер во
Истанбул.

Претседателот на Галатасарај, Унал Ајсал, потврдил дека е постигнат
договор со Интер и дека на Снајдер му биле понудени одлични финансиски
услови.

Интер, како обештетување ќе добие 12 милиони евра, додека Снајдер би
требало да потпише четири ипол годишен договор, со гарантирани 5,3
милиони евра по сезона.

Холандскиот репрезентативец, во договорот доби и одредени бонуси, за
секој одигран меч ќе добива по 20.000 евра, плус дополнителни премии за
освоените трофеи.

Според ова Снајдер за четири и пол години во Галатасарај сигурно би
заработил 23,8 милиони евра, а во зависност од резултатите неговата
заработка би можела да достигне до 30 милиони евра.

“Макфакс“