Откако во дел од медиумите во текот на вчерашниот ден се појави информацијата за драстично поскапување на билетите во меѓуградскиот превоз за 15 до 20%, при што беше наведено дека во моментов највисока е цената на билетот за Охрид, која со последното зголемување во еден правец се плаќа 680, додека повратна карта е 930 денари, од Галеб АД Охрид со реакција. Велат цената на билетот последен пат е сменета на 20 јануари минатата година.
Билетот на релација Охрид- Скопје- Охрид во еден правец чини 650 денари, додека повратна карта е 900 денари. Во многу електронски медиуми се појави неточна информација дека дошло до драстично поскапување на возниот билет на релација Охрид Скопје. Вистината е дека Галеб АД Охрид цените на посочената релација последен пат ги менувал на 20.01. 2021, односно пред повеќе од една година, велат во реакцијата.

OhridNews












