И ова лето Охрид ќе има директна автобуска врска со црногорското приморје. АД „Галеб“ деновиве ја воведе сезонската автобуска линија Охрид – Херцег Нови.


Тргнувањето е секоја вечер во 22.40 часот од градската автобуска станица во Охрид, односно, во 23.00 од Струга. Попатно автобусот застанува во Улцињ, Бар, Будва и Котор, а во Херцег Нови пристигнува во утринските часови. Повратниот билет чини од 38 до 45 евра во зависност од крајната дестинација. И годинава линијата „Галеб“ ќе ја одржува во соработка со најреномираниот црногорски автопревозник „Ауто Бока“ од Котор.


Херцег Нови

Автобуската линија Охрид – Херцег Нови, за прв пат беше воведена минатото лето. Од „Галеб“ информираат дека искуствата се позитивни, а граѓаните покажале голем интерес за новата линија. „На овој начин им излегуваме во пресрет на желбите и потребите на граѓаните и туристите“, велат од „Галеб“.

Во текот на летната туристичка сезона АД „Галеб“ ќе го зголеми бројот на линии кон Скопје, а се воведува и експрес линијата Охрид – Скопје во 19 часот.

Ohridnews