Најголемиот автопревозник во регионот, АД „Галеб“ воведе дополнителни пет линии кон Скопје за Илинденските празници.

Линиите се воведени заради зголемен интерес кај граѓаните за Охрид, каде деновиве се организираат бројни концерти и културни настани кои го привлекуваат вниманието на пошироката јавност, информират од компанијата.

Оттаму велат дека воведувањето на дополнителни автобуски линии деновиве ќе зависи од потребите на граѓаните, но во секој случај „Галеб“ има капацитет да ги опслужи.

OhridNews