Охридските кошаркари на гостински терен против битолски Пелистер ги започнуваат натпреварите во борбата за опстанок, односно плејаут лигата.
Поради реновирањето на спортска сала „Младост“ во Битола „зелено белите“ своите мечеви како домаќини ги играат во Кавадарци и од таму ќе започне битката за опстанок во елитата.
„Галебите“ во втората рунда на домашен терен ќе се сретнат со Струмица, а во третата исто така пред своите гледачи ќе го пречекаат Вардар. По одигрувањето на трите рунди следуваат реваншите.
Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со исто исход на бодови како Струмица и Пелистер ќе ги започне мечевите кои живот значат, додека Вардар кој е без победа во Првата лига заостанува зад останатите три екипи.
Натпреварите од плејаутот и плејофот започнуваат викендов.
Распоред:
1.коло:
Пелистер – АВ Охрид
Струмица – Вардар
2.коло:
АВ Охрид – Струмица
Вардар – Пелистер
3.коло:
Струмица – Пелистер
АВ Охрид – Вардар
4.коло:
АВ Охрид – Пелистер
Вардар – Струмица
5.коло:
Струмица – АВ Охрид
Пелистер – Вардар
6.коло:
Вардар – АВ Охрид
Пелистер – Струмица
OhridNews