Кошаркарите на АВ Охрид во претпоследната рунда од есенската полусезона во Првата кошаркарска лига ќе се сретнат со составот на Вардар.
Натпреварот кој ќе започне во 18 часот е последен за охридските кошаркари на домашен терен за годинава, и затоа пулените на Петар Чочороски ќе дадат се од себе за победа.
– Имаме голема обврска кон навивачите, но и кон самите себе, бидејќи влеговме во една непосакувана негативна серија. Победата ние единствената опција против Вардар и по секоја цена ќе мора да стигниме до неа. – коментираат играчите пред мечот со Вардар.
Покрај овој меч во 7-та рунда од шампионатот ќе се одиграат натпреварите меѓу Куманово – Струмица, Пелистер – Кожув, Фени Индустри – Работнички.
OhridNews