Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ќе биде меѓу осумте екипи учеснички на завршницата од Лимак Купот на Македонија која ќе се одржи од 17 до 19 февруари во спортската арена „Јасмин“ во Кавадарци.


„Галебите“ ќе дебитираат во ова натпреварување, а противникот во 1/4 финалето ќе го добијат по пат на ждрепка.

Охридскиот клуб се наоѓа во вториот шешир заедно со Куманово и победниците од квалификациските мечеви кои ги играат Пелистер – Вардар односно Гостивар – Струмица.

Во првиот барабан се фаворитите за медал, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Фени Индустри и Работнички.

OhridNews