Граѓаните се незадоволни од ваквата состојба и бараат локалната самоуправа да изнајде решение за проблемот.
– Во што е проблемот кога може да се чисти низ градот и околните места и кога снегот е стопен зошто неможе еден багер да помине и да им овозможи на многу охриѓани за викенд да отидат на Галичица, па нели е национален парк. Зошто да не можеме да ги користиме благодетите во нашето најблиско опкружување мора ли да има жичара? Не мора, доволно е да помине еден багер и многу охриѓани наместо да заглавуваат по патот да отидат до Галичица и убаво да си поминат, не мора да одат во Маврово или на Шапка, вели нашиот читател Миле Лазаревски.
Од Локалната самоуправа изразуваат разбирање за реакциите на граѓаните, но укажуваат дека проблемот не е во општината, туку во државата. Градските власти велат дека уште пред 2-3 години реагирале дека затворањето на патот преку Галичица од ноември до март е голем хендикеп за развој на целогодишниот туризам,
– Ако ништо повеке, националниот парк заслужува да се доживее од туристите и љубителите на природата и во зимско руво, со сите нејзини убавини. Затоа, уште тогаш беше побарано доколку неможе “Македонија пат” да го одржува овој патен правец во зимски услови, тогаш нека го препушти тоа на Општината и нејзините комунални претпријатија и механизација. Ваквото барање беше проследено до надлежните и пред минатата зимска сезона, но оттаму добивме одговор дека патот кој е во надлежност на државата не е безбеден за сообраќај во зимски услови, објаснува Никола Маневски, портпарол на општината.
Тој посочува дека и управата на Националниот парк побарала патот да претрпи одредени зафати и да се префрли во повисока категорија и по одржување и по сигурност.
– Од сето тоа нема ништо, а најмногу губи Охрид и туризмот. За “Македонија пат” е најлесно решение едноставно да го затвори патот половина година одошто да бара некакво содветно разрешување на проблемот. Ставот на локалната е ист како и порано: доколку се даде на општината, таа ќе се грижи за негово одржување во зимски услови, вели Маневски.
И оваа година патниот правец „Р 504“ Отешево Трпејца преку Галичица е затворен за сообраќај затоа што не се наоѓа на листата на приоритетни патни празвци за одржување. Надлежните укажуваат дека овој патен правец во зима се користи многу малку и дека не постои економска оправданост од негово одржување во овој момент.