Овој викенд на падините на планината Галичица се оддржа дводневен зимски семиран според програмата на Аплинистичката федерација на Македонија.

Дваесетина алпинисти од земјава меѓу кои и домаќините, членови на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, работеа на теоретски и практични активности под врвот Магаро, каде беа искачени три кулоари и еден обид за качување на микс насок.

Семинарот заврши успешно и со нетрпение очекуваме малку подобри временски услови за повторно да се собериме во поголем број и да искачиме повеќе насоки, односно да дознаеме многу  работи кои се однесуваат на нашата безбедност, движење и престој во планина во зимски услови.“ – велат од Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.

И во текот на минатите години, на планината Галичица се оддржуваат масовни зимски семинари под шатори, кои имаат за цел да ги оспособат идните водичи на планина околу движењето по планински терен во зимски услови, движење со дрезги, примена на алпинистички техники (сидришта, наврски, падови), бивак во планина, организирање на камп на планина во зимски услови и основи во лавинологија (потрага на затрупан во лавина).

O.T.

фото: „Миле Илоски“, АК Патагонија