Директорот на “росонерите“ Адријано Галијано, вината за слабата игра на Милан во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони, ја побара во црните дресови. Арсенал на Емирати беше на чекор од сензација откако по првиот дел имаше водство од 3-0, и само еден гол го делеше од “бришење“ на предноста од 4-0 на Милан од првиот меч на Сан Сиро.


Имав лошо претчуство кога ја избравме црната комбинација. Сакав да ги сменам дресовите но ќе требаше фудбалерите да истрчаат голи. За жал, тоа  и се случи за “влакно“ фалеше, да се оствари моето “несакано“ сценарио. Затоа ја исфрламе од употреба црната комбинација, имаме и бели дресови кои ни носат среќа на гостувањата – истакна директорот на миланезите, Адријано Галијани.


Седумкратниот освојувач на Лигата на Шампиони, Милан се пласираше во понатамошната фаза, а противникот во 1/4 финачето ќе го добие по ждрепката која е за една недела.

Мх.П.