
Според ова истражување, религиозноста во Македонија е далеку над светскиот просек, со оглед на тоа дека дури 90 отсто од македонските граѓани себе се сметаат за религиозни, додека во светот просекот изнесува 59 отсто.
Верските аналитичари појаснуваат дека овие резултати треба да се прифатат со голема резерва, пред сè заради различните сфаќања на луѓето за тоа што претставува верата и што значи да се биде религиозен.
Учесниците во истражувањето што е спроведено во 57 земји одговарале на исто прашање: Без оглед дали одите на места каде што се богослужи или не, дали би рекле за себе дека сте религиозна, нерелигиозна личност или сте убеден атеист?
извор:„Макфакс“












