
– Се работи за афтершокови, јас и по силниот земјотрес во Охрид и серијата земјотреси кои следеа, најавив дека цела година ќе имаме земјотреси во истото епицентралнио подрачје, но со слаб интензитет. Ризик секогаш постои, но не очекувам посилен земјотрес од 3 степени. Место за паника нема. – вели сеизмологот Михаил Гаревски.
Вкупните штети од серијата земјотреси што изминатото лето го погодија Охридскиот регион изнесуваат 58 милиони денари, процени Општинската комисија за проценка на штети. Штетата кај индивидуалните објекти изнесува 48 милиони денари, а кај деловните 9 милиони денари. Проценките завршија во месец август по што согласно процедурата соодветната владина комисија треба да се изјасни во рок од шест месеци за настанататите штети и основаноста на поднесените барања за надомест од страна на граѓаните.
OhridNews
ИСПРАВКА:
Во текстот „Гаревски: Место за паника нема, слабите потреси регистрирани вчера во Охридско се вообичаени афтершокови“, направена е ненамерна грешка. Имено во првичната вест, во делот во кој се цитира изјавата на Михаил Гаревски беше објавено дека тој е прв човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија(ИЗИИС), што е грешка, бидејќи како што информира ИЗИИС од 15.09.2017 година за директор на оваа институција избран е проф. д-р Влатко Шешов.
Редакцијата на OhridNews се извинува за ненамерниот пропуст.











