По долго талкање тренерското место во Интер, кое остана празно по заминувањето на Леонардо во ПСЖ се пополни и Џан Пјеро Гасперини е новиот “ментор“ на Пандев и светски клупски првак.


53-годишниот стратег три години ја водеше екипата на Џенова која ја врати во првата лига и првата сезона го освојиа петтото место.

Од изборот сум задоволен и заедно со сите од клубот му посакуваме да ги повтори успесите од минатата сезона – смета првиот човек на Интер, Масимо Морати.

За период од една сезона на клупата на “нероазурите“ продефилираа три тренери, шпанецот Рафа Бенитез, Леонардо и Гасперини.

Мх.П.