Во чест на гостувањето на членовите на Организацијата на жени од Будва со која охридското здружение „Бисера“ соработува веќе пет години, денеска, со почеток во 20 часот, во хотелот Ројал ќе се одржи Гастро Будванска вечер.
 
Во рамки на гастро вечерта која е подржана и од страна на Локалната самоуправа, гостинките од Будва ќе се претстават со нивни традиционални специјалитети и традиционално вино.

Презентацијата ќе ја води Луција Ѓурашковиќ, Историчар на уметноста.

OhridNews