Натпреварот на „Сан Паоло“ стадионот помеѓу Наполи – Барселона ќе биде дел од утрешната програма во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. „Азурите“ подготвени се за борба со Барселона која стандардно се наоѓа помеѓу потесните фаворити за освојување на титулата.

Стратегот на Наполи, Џенаро Гатузо изјави дека бесцелно е играта во одбрана да се насочи кон Лионел Меси, туку мора целиот колектив да игра бестрашно и да изгине на теренот.

Прочитав дека ќе сум играл „фластер“ на Меси. Таквата игра нема да ни донесе ништо, затоа што Меси работите што ги прави на теренот може да се видат само на „Плејстејшн“. Тој е најголем во фудбалот. Неговиот однос на теренот е беспрекорен, никогаш не се расправа и секогаш ги бира зборовите со кои комуницира со противничките играчи. Сепак, наша задача ќе биде да одиграме без страв и со голема желба. – изјави Гатузо.

За стратегот на Наполи ова ќе биде деби во ЛШ. Гаузо не го заборави својот претходник во Наполи, Карло Анчелоти и му се заблагодари за шансата да ја води екипата. Анчелоти отказ во Наполи доби ден после завршување на групната фаза.

OhridNews