Фудбалерот на Јувентус, Карлос Тевез го нема на списокот фудбалери кои ќе настапуваат за Аргентина на Светското првенство во Бразил.

Очекувано „гаучосите“ ги предводи Лионел Меси заедно со Гонзало Игуаин и Серхио Агуеро.
Селекторот Алесандро Забелја за аргентинските медиуми изјавил дека списокот не е конечен, што остава малку надеж дека Тевез ќе биде меѓу репрезентативците.
Аргентина е една од селекциите кои се фаворити за освојување на златниот медал од најголемото фудбалско натпреварување.
Мх.П.











