Манчестер Јунајтед е многу блиску до ангажман на вундеркиндот од Барселона, Тијаго Алкантара, кој ќе преставува второ засилување за новиот менаџер Дејвид Мојс.

За услугите на Шпанецот, „црвените ѓаволи“ ќе платат 17 милиони евра, а голем удел во трансферот има голманот Давид де Геа, со кој Алкантара заедно настапува во младинската селекција на Шпанија.

Токму овие двајца беа предводници на младата репрезентација на Шпанија до златниот медал на Европското првенство во Израел.

Мх.П.