По поразот од Свонси фудбалерите на Манчестер Јунајтед ескпресно се вратија на победничките патеки во Премиер лигата совладувајќи го Сандерленд со 2-0.


„Црвените ѓаволи“ после повеќе од еден час игра го скршија отпорот на гостите откако Фалкао изнуди пенал, а Вејн Руни го претвори во погодок. Во 86-та минута англискиот репрезентативец стави точка на победата со десеттиот погодок сезонава.


Резултати : Вест Хем – Кристал Палас 1-3, Мен Ју – Сандерленд 2-0, Барнли – Свонси 0-1, Њукасл – Астон Вила 1-0, Стоук – Хул 1-0, ВБА – Саутемптон 1-0.

Мх.П.