Екипата на Манчестер Јунајтед победи против Ватфорд (4-2), додека Тотенхем изгуби од Лестер (2-1) на гостински терен во вондредната 14-та рунда во најсилната англиска лига.
„Црвените ѓаволи“ малку фалеше да останат без трите бодови, откако дозволија домаќините со два голови да се вратат во игра (3-2) за поволен резултат. Работите на свое место гостите од Олд Трафорд ги ставија со погодок во финишот на мечот.
Лестер ја продолжи резултатска мини криза во тимот на Тотенхем кој го совлада со 2-1. „Петлите“ на последните четири натпревари имаат забележано една победа и заостануваат еден бод од големата четворка.
Вондредната рунда во Премиер лигата ќе се комплетира во среда со мечевите помеѓу Бурнмаут – Барнли, Арсенал – Хадерсфилд, Челси – Свонси, Евертон – Вест Хем, Мен Сити – Саутемптон, Стоук – Ливерпул.
Резултати: Брајтон – Кристал Палас 0-0, Лестер – Тотенхем 2-1, Ватфорд – Мен Ју 2-3, ВБА – Њукасл 2-2.
OhridNews