Без многу големо внимание во јавноста Манчестер Јунајтед (ќе) го доведе првиот фудбалер во своите редови, а тоа е Данте од тимот на Баерн Минхен.
Англиските интернет портали јавуваат дека трансферот е договорен и Бразилецот на Олд Трафорд ќе се пресели за седум милиони евра.
Данте, кој е член на бразилската селекција игра на стоперската позиција онаму каде сезонава Јунајтед е ровит.
Покрај, Данте на списокот засилувања од Мојс се наоѓаат Хуан Мата, Јохан Кабаје, и Патрик Херман.
Мх.П.