На гостувањето кај Хул екипата на Манчестер Јунајтед со пресврт успеа да стигне до бодовите победувајќи со пресврт 3-2. По само 15 минути игра избраниците на Дејвид Мојс имаа негатива, но им требаше само седум да ја анулираат. Целиот плен „црвените ѓаволи“ го осигураа во вториот дел кога Честер си постигна ефектен погодок во својата мрежа.
За актуелниот првак во Премиер лигата ова е трет триумф по ред иначе деветти сезонава и полека тимот од Олд Трафорд се враќа во препознатливиот сјај.
Резултати : Хул – Мен Ју 2-3, Вест Хем – Арсенал 1-3, Астон Вила – Кристал Палас 0-1, Кардиф – С`тон 0-3, Челси – Свонси 1-0, Евертон – Сандерленд 0-1, Њукасл – Стоук 5-1, Тотенхем – ВБА 1-1, Мен Сити – Ливерпул 2-1.
Мх.П.