Манчестер Јунајтед со 3-2 го совлада Челси во супер дербито од деветтата рунда во Премиер Лигата.


Гледачите на “Стемфорд Бриџ“ имаа можност да погледнат спектакуларна претстава на двете екипи. Со брзите погодоци на Ван Перси и автоголот на Давид Луис, Јунајтед стигна до предност од 2-0.

На крајот од првиот дел шпанецот Хуан Мата со извонреден погодок од слободен удар го намали резултатот на 2-1. Егал донесе Рамирес во 53-та минута од мечот.

Челси во период од шест минути остана без двајца фудбалери. Прво црвен картон заработи дефанзивецот Ивановиќ, а потоа престрого беше исклучен Торес откако Клатенбург му додели втор жолт картон поради симулација.


Избраниците на Сер Алекс Фергусон со голот на Чичарито во 75-та минута од дискутабилна позиција успеаа повторно да стигнат до предност која на крајот се покажа како доволна за победа.


szólj hozzá: Chelsea vs Manchester United 2:3 Chicharito

После победата на Манчестер Јунајтед во дерби средбата против Челси, “црвените ѓаволи“ ја стопија разликата и сега заостануваат еден бод.

Мх.П.