С.А.(34) од село Лабуништа-струшко, управител на ДООЕЛ „Исаф“ Охрид, заработи кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на правото од социјално осигурување“.

Според СВР Охрид, во период од 2005 до 2009 година, пријавениот, во Центарот за вработување во Охрид и во Фондовите за пензиско, инвалидско и здравстевено  осигурување, за вработениот Љ.Н.  доставувал податоци дека е вработен со скратено работно време, иако истиот работел полно работно време.

Извор МВР