Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат на јавноста како Газда Нини, денеска, во Основниот суд Скопје 2, сведочеше на првото рочиште во случајот Груевски против Заев.

Во својот исказ, тој рече дека не се познавал ниту со Груевски ниту со Заев, а дека акциите на Македонска Банка ги купил на берза. Стефановиќ рече и дека не го познава извесниот Ден Дончев, чиј глас, како што тврди СДСМ, се слуша на аудио снимките што ги објави најглемата опозициска партија, а на која наводно Груевски договара продажба на Македонска Банка. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го обвини Груевски дека ја продал Македонска банка на Газда Нини и дека зел 1.5 милиони евра кеш, јавува „Макфакс“ 

По објавување на снимките, премиерот Никола Груевски поднесе тужба против Заев за клевета и навреда.

Газда Нини сведочеше на предлог на одбраната, но адвокатите на Заев денеска побараа да се повлече нивниот предлог со образложение дека сведочењето на Нини нема да биде релевантно без сведочењето на Ден Дончев и аудио снимките, кои судот ги отфрли како докази на подготвителното рочиште во јули.

Судот го отфрли барањето на одбраната и Газда Нини го даде својот исказ.

На денешното судење не беа присутни ниту Груевски ниту Заев, а се очекува утре двајцата да дадат исказ пред судот.

ОhdNews
Извор: „Макфакс“