Изминатиот викенд екипите на ЕВН Македонија при вршење на редовни активности забележале самоволно поставен оптички кабел на 10 kV-ен далекувод на извод 3 од трафо станица во скопско.

Кабелот во должина од 2,5 км. го посатавил кабелски оператор, без одобрение од ЕВН и без предходна заштита на мрежата, вработените и околината. Со тоа овој кабелски оператор освен што узурпирал сопственост на ЕВН Македонија, тој ги довел во опасност и животите на неговите вработени кој го поставувале кабелот бидејќи далекуводот бил под напон, информираат од компанијата.

Од ЕВН велат дека само голема среќа ги спасила работниците да не направат куса врска бидејќи со голи раце ги допирале жиците додека го монтирале кабелот. Од ваквото самоволие на кабелскиот оператор биле доведени во опасност животите и на случајните минувачи, како и нормалното функционирање на електронергетските објекти на ЕВН Македонија и безбедното снабдување со електрична енергија на повеќе населени места во овој регион.

За случајот било известено и Министерството за внатрешни работи, чија екипа изврши увид на местото, а од безбедносни причини, веднаш по увидот на МВР, оптичкиот кабел е демонтиран од страна на екипи на ЕВН Македонија, по претходно исклучување на средно напонскиот извод.

OhridNews