Последната изјава на градоначалникот е уште еден доказ дека во него нема ниту желба, ниту мотивација нештата да се променат и да се изнајдат соодветни решенија, велат од ГДУ Охрид.
- Градоначалникот ги напаѓа неговите претходници и претходната власт, а притоа заборава дека неговата матична партија е на власт 3 години и речиси толку и на локално ниво. Замислете какво е тоа лицемерие кога и самиот признава дека нема легална плажа во моментов, а сепак плажите работат под полна пареа. Но повторно не дознавме каде заврши ќарот и каде беа инспекторите? На крајот се потврди тоа што цело време го зборувавме и баравме одговори, но Општината и градоначалникот упорно ги заобиколуваат нашите забелешки и апелирања,
додека пак тие на ДПМНЕ им се како добро утро и со задоволство ги чекаат, за да ги потсетат дека тие биле најголемите виновници, велат од ГДУ.
Оттаму, со прашања: каде биле инспекторите во текот на летото, што направи Општината за да го реши проблемот, како може во Охрид палажите да функционираат, а притоа да нема никој документи, на кого му одговара овај исход? Кој и со кое право наплаќаше на охридските плажи?
OhridNews












