Од ГДУ Охрид обвинуваат за неправилности околу последно распишаниот конкурс за вработување во охридската Општа болница. Како што рече на денешната прес конференција, Даниел Јордановски од ГДУ Охрид, на конкурсот биле примени највлијателните, a не најкомпетентните лица што се пријавиле.

  • Како во минатото, така и сега изборот се сведе на највлијателните, а не на најспособните. Праксата продолжува со клиентелизмот и моќта на неколкумина во градот. Интересно во оваа ситуација е што не се однесува на власта, во оваа ситуација играта ја игра опозицијата и успева во своите намери. Секојдневните пресови на ВМРО ДПМНЕ за непотизам, клиентелизам, како да ги прават за пополнување на некоја агенда. Нивниот претседател на огранокот во последно време го нема, а сега знаеме и зошто. Постапката за вработување заврши со тужби, жалби, кои не веруваме дека ќе вродат со плод. За жал големците добиваат, а обичните граѓани губат. Кој го доби овој конкурс, тоа сите заедно ќе треба да го прашаме господинот Донев. Се надевам ќе собере храброст и ќе им каже на останатите кандидати зошто не успеале да го добијат ова работно место, кој и зошто го добил. Ништо од зборовите на Мицковски дека нема да дозволи клиентелизам и партиски вработувања,тоа било само за политички поени, истакна Јордановски.

Од ГДУ ги запрашаа Мицковски и Донев да кажат кои се условите за обичниот граѓанин да добие работно место и дали граѓаните со висок просек и повеќегодишно искуство имаат право да се борат за одредено работно место за кое ги исполнуваат сите критериуми.

OhridNews