„Замислете град како нашиот Охрид влегува на листи на загадени градови и покрај изобилството од природната убавина која ја поседува! Езеро, шумски површини и дар од Бога, но сепак не постои нешто што не можат да упропастат сестринските партии СДСМ и ДПМНЕ“, велат од ГДУ Охрид.

  • Постојаната негрижа за градот од страна на власта го турка овој „бисер балкански“ во провалија. Од град кој е под заштита на УНЕСКО и град кој е од историска вредност, но не само за Македонија, туку и за целиот Балкан, успеаја со здружени сили да го опустошат. Град во кој владее безредието, беззаконието. Охрид сега единствено остана синоним за дивоградби и за богатење на партиските војници, велат од ГДУ, потсетувајќи дека ништо не е реализирано од ветените проекти за гасификација и изградба на фабрика за отпад.

Од ГДУ со апел до надлежните да најдат решение за проблемот, бидејќи охриѓани не заслужуваат да живеат во загаден град.

OhridNews