Oтстранувањето на сите 25-те плажи на Охридското Езеро нема да донесе ништо добро на градот Охрид, смета Граѓанско демократската уника – ГДУ.
ГДУ апелираше неколку месеци наназад да се спречи безредието и да се почитува законот, но ова е премногу ригорозен чекор и тоа на средината од јуни, велат од партијата.
Со оваа одлука не им се дава простор на чесните и одговорните угостители да ја изработат сезоната. Откако ќе помине сезоната треба да се донесе нов закон и да се изнајде долготрајно решение за плажите во Охрид, предлага ГДУ.
- Законот мора да се почитува и мора да важи за сите исто од тоа нема бегање. Бидејќи сме влезени во сезоната и дел од угостителите веќе вложиле капитал спремајќи се за истата, кој и на каков начин ќе им ја надомести загубата на овие луѓе? Согласни сме дека треба да се постапува и дека треба да се руши, но не во јуни. Зошто тоа не се направи во зимата или во било кој период од претходниве 4 години? Зошто не се понуди опција тој што уредно плаќал да добие простор да ја изработи сезоната, па потоа да се преземат вакви мерки? – прашува ГДУ.
Во партиската реакција се подвлекува дека туристичката сезона во Охрид ќе биде хендикепирана и веќе сега угостителите бележат огромни загуби.
- Со овој чекор дополнително уште 500 луѓе ке останат без работа и Охрид ќе ги изгуби најпосакуваните дестинации како Куба Либре, Потпеш, Канео, Кадмо и др. кои во изминативе години постанаа посакувани места за туристите и прават голем приход во државата и хранат многу семејства. Мора да се разгледа опцијата после сезоната да се спроведува уредбата на Владата и да им се даде на тие што плаќале уредно години наназад да ја доработат сезоната.- стои во соопштението на ГДУ.
OhridNews