Раката на поранешниот репрезентативец Тодор Гечевски не затрепери во последниот шут за победа на дуелот со Широки Брег во Јадранската лига. “Штрковите“ ја забележаа деветтата победа на 15-та средба сезонава и се искачија на четвртата позиција.

– Го скениравме противникот до детал, затоа во првото полувреме ги користивме сите негови пропусти. Во вториот дел попуштивме, но храброста и зрелоста во играта не одведе до нов триумф – потенцираше Гечевски.

Во АБА лигата следува двонеделна пауза, а наредниот натпревар на македонскиот првак е на петти јануар на домашен терен против Будучност.

Мх.П.