– Не чувствувам никаква болка, ова е навистина среќен момент за сите нас, се надевам дека и другите резултати ни се во полза, имаме голема шанса да се пласираме на Европското првенство“, беа првите импресии на “маскираниот“ Тодор Гечевски, кој и покрај тешката фрактура на носот заработена во Унгарија сепак смогна сили и успеа да земе учество на натпреварот.Самсун од Кавадарци, беше клучниот играч во нашата одбрана која го запре најдобриот стрелец овај циклус капитенот на Чикаго Булс, Денг. – Натпреварот го добивме во одбраната која е препознатлива за нашата селекција, НБА играчот Денг долго време имаше само 6 поени, ги стопиравме британците во нивните офанзивни скокови а на крај најголем клуч за нашиот успех беше публиката, во ваква атмосфера би изгубиле и многу појаки противници од Британците–, заврши центарот на нашата кошаркарска репрезентација.










