– Не чувствувам никаква болка, ова е навистина среќен момент за сите нас, се надевам дека и другите резултати ни се во полза, имаме голема шанса да се пласираме на Европското првенство“, беа првите импресии на “маскираниот“ Тодор Гечевски, кој и покрај тешката фрактура на носот заработена во Унгарија сепак смогна сили и успеа да земе учество на натпреварот.

Гечевски на паркетот мина 19 минути, уфрли 11 поени, имапе три дефанзвини скока, и направи три прекршоци. Неговото пристуво на теренот беше бурно поздравевно од публиката која секој негов потег го проследуваше со аплауз. – Повредата не ме спречи да не играм вечерва, мислам дека секој играч би го направил истото како и јас, односно би играл на вака важен натпревар“.

Самсун од Кавадарци, беше клучниот играч во нашата одбрана која го запре најдобриот стрелец овај циклус капитенот на Чикаго Булс, Денг.  – Натпреварот го добивме во одбраната која е препознатлива за нашата селекција, НБА играчот Денг долго време имаше само 6 поени, ги стопиравме британците во нивните офанзивни скокови а на крај најголем клуч за нашиот успех беше публиката, во ваква атмосфера би изгубиле и многу појаки противници од Британците–, заврши центарот на нашата кошаркарска репрезентација.

М.П.