Повредата на Тодор Гечевски е сериозна и најверојатно ќе го пропушти финишот на Еуробаскетот. 211 см високиот центар на дуелот со Словенија се здоби со скршеница на раката, и нема да може да се стави на располагање на селекторот Докузовски.


Гечевски во текот на целиот шампионат го пратат пехови, а го пропушти мечот на отварањето против Црна Гора, единствен кој го загубивме на шампионатот.

Македонија во понеделник (20.00 часот) ќе го игра решавачкиот меч за првото место во Е групата против Русија.

Ohridnews