САД силно ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО, изјави денеска во Охрид американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, по средбата со македонскиот државно владин врв.

Како и многумина од вас и ние бевме разочарани кога Македонија во Букурешт не ја доби поканата за членство во алијансата. Ги охриабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето  за името, што е во најдобар интерес за двете страни додаде Гејтс.

„Има само еден пат до членство во  НАТО, а тоа е со едногласна согласност на сите членки на алијансата. Ситуацијата е компликувана и затоа треба да работиме во тој правец, а тоа не важи само за вас, туку и за другите држави“, изјави секретарот Гејтс на заедничката прес конференција со македонскиот министер за одбрана Коњановски.

Гејтс и се заблагодари на Македонија и на другите членки на СЕДМ асоцијацијата за нивната партиципација во мировните мисии. Притоа тој истакна дека состојбата во Ирак се подобрува и ги повика земјите да размислат за испраќање воена мисија во Авганистан каде тамошната армија има потреба од обучувачи.

Министерот Коњаноски заблагодарувајќи се за силната поддршка што САД ја даваат на Македонија, истакна дека земјата и натаму посветено ќе продолжи да оди на патот кон целосно интегрирање во ЕУ и НАТО