Кошаркарите на Лихнодос генералката пред почетокот на втората полусезона од Втората кошаркарска лига ќе ја имаат против струшкиот третолигаш Црн Дрим.


Охридските кошаркари под будното око на тренерот на Весна Балазоска ги одработија трите фази од подготовките. Охриѓани втората етапата од шампионатот го започнуваат со фенерџијата на табелата Неготино.


Натпреварот со Црн Дрим се игра во салата од училиштето “Христо Узонов“ со почеток од 21:30 часот.

Мх.П.