По повод првомајските празници, деновиве во координирана акција на Јавна хигиена и Јавно зеленило се врши чистење на јавните површини и јавното зеленило во градот и приградските населби.


Се чистат и метат улиците и тротоарите од сите главни и споредни улици во населбите “Охридати”, “Билјанини Извори”, “Стар Град” и “Булевар Туристичка”, како и селата Косел и Елшани.


Се врши и хортикултурно уредување на населбите, при што се коси тревата, се уредуваат крошните од дрвата и украсните грмушки.

OhridNews